ОФИЦИЈАЛНО: Никола Калиниќ за 15 милиони евра потпиша за Атлетико Мадрид

Хрватот Никола Калиниќ по само една година си замина од редовите на Милан и потпиша тригoдишна соработка со тимот на Атлетико Мадрид.

Како обештетување тимот на Милан ќе добие 15 милиони евра и само делумно ќе го покрие неговиот трансфер од Фиорентина, кој изнесуваше 25 милиони евра, а за наплата стигнува ова лето. Напаѓачот мината година за тимот на Милан одигра 31 натпревар и постигна само шест гола, премалку за очекувањата кои од него ги имаа „росонерите“.

30-годишниот Калиниќ својата кариера ја започна во тимот на Хајдук, а потоа настапуваше и за Блекбурн, Дњипро и Фиоренетина. За репрезентацијата на Хрватска запиша 41 настап, но ќе остане запаметен по тоа што беше вратен од Мундијалот во Русија поради несогласувањата со селекторот Златко Далиќ.