ОФИЦИЈАЛНО: Нејмар се повреди и нема да игра на Копа Америка!

Нејмар

Се зборуваше дека нема да игра поради психолошки притисок од сите случувања надвор од фудбалските терени, но Нејмар нема да заигра на Копа Америка бидејќи се повреди на пријателската средба со Катар.

Првите прегледи на капитенот на „кариоките“ покажаа дека тој ќе мора да прави пауза во наредните неколку недели, што значи дека нема да се појави на турнирот кој ќе го организира неговата земја. 

Ѕвездата на ПСЖ го напушти теренот со солзи во очите и со помош на двајца членови на тренерскиот тим.

Тите дополнително ќе бара негова замена со оглед на тоа што се работи за повредени лигаменти на скочниот зглоб. 

Натпреварот мина во сенка на повредата, а „кариоките“ извојуваа триумф од 2-0.