ОФИЦИЈАЛНО: МЗТ го претстави 17-годишниот Михаил Наумоски

Наумовски

МЗТ Скопје претстави уште едно засилување во Михаил Наумоски. Младиот кошаркар досега настапуваше во редовите на белградска Црвена Звезда.

Крилниот центар има само 17 години и е помладиот син на легендарниот македонски репрезентативец Петар Наумоски.

„Со нетрпение очекувам да се завршат сите формалности околу договорот, за да може што поскоро да го облечам дресот на МЗТ Скопје. Ќе дадам сѐ од себе да ја оправдам дадената шанса и да го пренесам знаењето и искуство добиено со тренирањето и играњето во Ц. Звезда и во Галатасарај“ , вели Наумоски.

Договорот е со трајност до 2023 година, а остатокот од сезоната Наумоски ќе ја доигра во МЗТ Скопје УНИ Банка.