ОФИЦИЈАЛНО: Муса Соу нов спортски директор на Гостивар!

Најавите од пред неколку дена добија потврда. Амбициозниот македонски прволигаш, Гостивар, официјално има нов спортски директор.

Легендата на Фенербахче и Лил, Муса Соу во иднина ќе раководи со спортскиот сектор во клубот. Се работи за 38-годишен Сенегалец, кој пред три години ја заврши кариерата, но остана да живее и работи во Турција.

„Задоволство ни е да објавиме дека Муса Соу се приклучува на нашиот клупски менаџмент. Тој е легенда на Фенербахче и Лил, двократен шампион, најдобар стрелец во турската Суперлига и француската Лига 1, мајстор за голови, пример за спортски и хуманитарни дела во Турција и Африка.

Срдечно му посакуваме добредојде за неговата одлука да ни се придружи на нашето патување“, стои во соопштението на Гостивар. 

Овој македонски прволигаш и ова лето доведе неколку сериозни засилувања, а дали Соу има изненадување и ќе договори уште некое ново име во клубот останува да видиме. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.