ОФИЦИЈАЛНО: Мурињо го обезбеди првото засилување во Тотенхем

Жедсон

Младиот талент од Бенфика, Жедсон Фернандес, кариерата ќе ја продолжи во редовите на Тотенхем.

Таму ќе соработува со неговиот сонародник Жозе Мурињо кој ја доби борбата со конкурентите за неговиот потпис. Договорот гласи дека Португалецот ќе игра во Лондон како позајмен фудбалер во наредните 18 месеци, а потоа „петлите“ ќе имаат можност целосно да го откупат.

21-годишникот има пазарна вредност од 60 милиони евра, а за репрезентативниот дрес како сениор има запишано два настапи.

Фернандес ќе биде освежување за средниот ред на лондончани, кои имаат големи резултатски проблеми во последниот период.