ОФИЦИЈАЛНО: Мурињо ги доби желбите – Бејл и Региљон!

Екипата на Тотенхем по турбулентниот старт на сезоната, конечно ги израдува фановите и го промовира Герет Бејл како старо-нов фудбалер на клубот. 

Велшанецот ќе пристигне на едногодишна позајмица, а засега не е познато дали „петлите“ ќе имаат опција за откуп на договорот. Бејл по цели седум сезони во Реал Мадрид, никако не успеа да се наметне во улогата која ја имаше во Англија, па сега ќе има шанса да ја „оживее“ кариерата во клубот каде настапуваше и во минатото. Сепак, една промена е неговиот број на дресот, па наместо 11 која сега ја носи Ламела, Бејл ќе биде новата „9“ на Тотенхем.

  • Официјална потврда на враќањето на Бејл:

Освен Бејл, во тимот на Жозе Мурињо пристигнува и Серхио Региљон, исто така од Реал Мадрид, а минатата сезона ја мина на позајмица во Севиља. Младиот лев бек ќе биде платен 30 милиони евра и со Тотенхем парафира соработка на пет сезони. 

  • Потврда на трансферот на Регуиљон:

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.