• Мартин Танасковски

Екипата на Борусија Дортмунд заврши голема работа и потпиша нов договор со Јусуфа Мукоко.
Големиот талент сакаше да си оди, беше мета на многу клубови кои го сакаа во новата сезона затоа што по крајот на сезоната му истекуваше договорот, но повеќе нема такво нешто. Мукоко стави потпис на нов договор со бундеслигашот до 2026 година.
Мукоко дебитираше за Дортмунд во 2020 година и за „милионерите“ одигра 44 меча на кои даде 11 гола.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.