ОФИЦИЈАЛНО: Миовски со нов предизвик во Шкотска!

Македонскиот репрезентативец Бојан Миоски ќе ја продолжи кариерата во Шкотска. 22-годишникот заминува од МТК Будимпешта и се сели во редовите на Абердин, каде ќе остане во наредните четири години.

Нашиот голгетер е петтото летно засилување за шкотскиот прволигаш. Во изминатата сезона штипјанецот постигна девет гола на 22 настапи за унгарската екипа.

Миовски започна во Брегалница Штип, а потоа настапуваше за Работнички, Македонија ЃП, Ренова и МТК Будимпешта. 

Македонија го доби четвртиот играч кој потпишал со шкотска екипа. Претходно Бајрам Фетаи ги бранеше боите на Глазгов Ренџерс и Инвернес, Ѓорѓи Христов играше за Данфермлајн, а Горан Станиќ го носеше дресот на Ливингстон.