ОФИЦИЈАЛНО: Милосављев се сели во полскиот гигант Киелце

Српскиот репрезентативен голман Дејан Милосављев си заминува од редовите на Фуксе Берлин, иако беше еден од клучните играчи во историската сезона во која „лисиците“ стигнаа до првата титула во Бундеслигата.

И покрај неговиот огромен придонес меѓу стативите, управата на германскиот клуб не му понуди нов договор, а тоа го натера Милосављев ги разгледа опциите и успеа да договори трансфер. 28-годишниот чувар на мрежата кариерата и официјално ќе ја продолжи во редовите на полскиот гигант Киелце.

Договорот е веќе постигнат, а Милосављев ќе му се приклучи на новиот клуб по завршувањето на актуелниот договор со Германците, кој трае до јуни 2026 година. Киелце планира сериозен ремонт на составот по заминувањето на браќата Душебаеви, и ангажманот на искусниот српски голман е дел од стратегијата за враќање во европскиот врв. Милосављев потпиша договор до 2030 година со можност за продолжување на уште една сезона. 

Србинот беше дел од златната генерација на Вардар која во 2019 година ја освои својата втора титула во Лигата на шампионите на Ф4 турнирот во Келн. Токму по тој успех го облече дресот на Фуксе Берлин.