• Мартин Танасковски
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, потврди дека Саудиска Арабија ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал кое ќе се игра во 2034 година.
Саудиска Арабија претходно поднесе кандидатура е за домаќин на Светското првенство во 2034 година и откако Австралија се повлече, земјата која вложи милијарди во фудбалот оваа година, а остана сама во кандидатурата, го доби домаќинството.
Светското првенство во фудбал во 2026 година ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико, а во 2030 година домаќини на турнирот ќе бидат шест земји: Уругвај, Аргентина, Парагвај, Мароко, Шпанија и Португалија.