ОФИЦИЈАЛНО: Миле Свилар потпиша нов договор со Рома!

Најдобриот голман за минатата сезона во Серија А, Миле Свилар, официјално стави потпис на нова соработка со Рома, а договорот е со важност до 2030 година. 

25-годишниот Свилар подолго време преговараше со управата на „римската волчица“, но успеа да се договори и ќе продолжи да настапува во „вечниот град“. 

Минатата сезона ја сочува мрежата на 16 од вкупно 38 натпревари и заслужено го доби признанието за најдобар голман во лигата. Свилар е во Рома од 2022 година и досега настапи на 88 натпревари во сите конкуренции.