ОФИЦИЈАЛНО: Милан ја донесе замената за Џенаро Гатузо

Екипата на Милан ангажира нов тренер и се договори за соработка со Марко Џампаоло кој ќе биде прв тренер на тимот од 1 јули, 2019 година.

Џампаоло, кој тренерската кариера ја започна во 2007 година, доаѓа како замена за Џенаро Гатузо, кој си даде оставка по крајот на сезоната.

Пред да стане „росонер“, италијанскиот стратег работеше во Сампдорија, а ги водеше уште Катанија, Чезена, Бреша, Емполи, Каљари и Сиена. Марко Џампаоло зад себе има 324 натпревари во кариерата, од кои 270 се во Серија А. Првиот тренинг како прв предвндик на Милан, тој ќе го има на 9 јули на Миланело.

Милан со ангажманот на новиот тренер продолжи со реконструкцијата во управата, каде претходно пристигнаа легендите Звонимир Бобан и Паоло Малдини.