• Иван Димовски

Екипата на Милан го промовира првото летно засилување, во името на Дивок Ориги кој дојде како слободен агент. Напаѓачот од Белгија го заврши договорот со Ливерпул, па се реши за нова авантура во Серија А.
Ориги парафираше соработка со „росонерите“ до јуни 2026 година. Во своето време на „Енфилд“, Ориги најчесто беше џокер од клупата, а во многу наврати jа искористи минутажата која ја добиваше. Во Ливерпул пристигна во 2014 година, запиша 175 настапи на кои даде 41 гол и впиша 18 асистенции. Покрај тоа, Ориги е и репрезентативец на Белгија, за која на 32 настапи има три гола.
Official Statement: @DivockOrigi https://t.co/tIqImpddjT
Comunicato Ufficiale: Divock Origi https://t.co/DavAjoDHeK#ReadyToLeaveAMark #SempreMilan pic.twitter.com/yLjLrju31A
— AC Milan (@acmilan) July 5, 2022
Белгиецот пред неколку дена ги одработи медицинските прегледи, а иако трансферот беше готов, промоцијата беше оддолжена. Ориги првпат ќе заигра во Италија, откако претходно настапуваше во Белгија за младиот тим на Генк, па за Лил, Ливерпул и Волфсбург.
Милан по Ориги работи и на нови трансфери, се дава предност на доведување на плејмејкер и силно десно крило.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.