• Иван Димовски

Италијанскиот гигант Милан го потврди првото зимско засилување во овој преоден рок.
Нов фудбалер на „росонерите“ е Кајл Вокер кој доаѓа на позајмица од редовите на Манчестер Сити. Милан се договори со „граѓаните“ за позајмица, но и право на откуп за околу пет милиони евра. Вокер веќе пристигна и стави потпис на договор со италијанскиот клуб. Ако Милан реши да го откупи, договорот на десниот бек ќе важи до 2027 година, а се најавува дека ќе заработува меѓу четири и пет милиони евра.
New Defender alert
Welcome, @kylewalker2! #SempreMilan #DNACMilan
— AC Milan (@acmilan) January 24, 2025
Во својата кариера Кајл Вокер тргна во Тотенхем, а од 2017 година е член на Манчестер Сити. Со „граѓаните“ ги освои шесте титули под водство на Пеп Гвардиола. Сепак, оваа сезона не беше стандарден и забележа 15 премиерлигашки настапи.
Вкупно во периодот минат во Сити тој одигра 319 натпревари за клубот. Исто така Вокер има и 93 натпревари во дресот на Англија.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.