ОФИЦИЈАЛНО: Менди од Лион „крал“ до 2025 година

Екипата на Реал Мадрид постигна договор со Олимпик Лион и во своите редови го донесе Ферланд Менди.

Играчот беше голема желба на „кралевите“, а трансферот конечно се реализира. Французинот има 24 години, игра на левата бековска позиција, а во таборот на Реал Мадрид ќе остане најмалку до 2025 година. Сумата која Лион ќе ја добие за откуп засега не е позната, а се шпекулира дека истата е нешто околу 48 милиони евра, плус додатни пет милиони евра бонуси. 

Официјалната презентација во дресот на Реал Мадрид, Менди ќе ја има на 19 јуни напладне. Тогаш ќе продефилира и на „Сантијаго Бернабеу“ во новата опрема.

За Менди, Реал Мадрид ќе биде прв клуб надвор од Франција. Покрај за Лион, во татковината тој настапуваше и за Ле Авр.