• Иван Димовски
Маурицио Почетино донесе неочекувана одлука за својот следен предизвик и ја презеде клупата на Соединетите Американски Држави. Иако досега работеше во клупскиот фудбал и тоа во неколку големи клубови, сега Аргентинецот се реши за репрезентативен предизвик.
Американците му ја дадоа довербата на Почетино да го води тимот на Светското првенство во 2026 година на кое тие се меѓу трите земји домаќини. Не е откриена должината на договорот, но аргентинскиот стручњак најмалку две години ќе го води американскиот состав.
„Одлуката да ја преземам американската репрезентација не беше само фудбалска, туку и поради патот на кој се наоѓа оваа селекција. Имам енергија, страст и глад тука да постигнам нешто историски. Тоа беа работите кои ме инспирираа. Гледам група играчи кои се полни со талентт и потенцијал, а заедно ќе изградиме нешто посебно“, изјави Аргентинецот.
Во својата тренерска кариера Почетино преку Еспањол и Саутемптон дојде до Тотенхем со кој се презентира на големата сцена. Потоа ги водеше и екипите на ПСЖ и Челзи, освојувајќи три француски трофеи.