• Иван Димовски
Македонскиот интернационалец Мартин Мирчевски е нов фудбалер на босански Железничар.
Како што веќе беше најавено, офанзивниот фудбалер замина од ТСЦ Бачка Топола и денес беше промовиран во новиот клуб. Мирчевски со клубот од Сараево стави потпис на едногодишен договор, но со опција за продолжување на уште една. Македонецот беше официјално презентиран пред босанската јавност од страна на Железничар.
Кариерата на Мартин Мирчевски тргна преку Пелистер, потоа беше дел од Победа и Беласица, а следеше и првиот интернационален предизвик во косовска Трепча. Мирчевски потоа се врати во Беласица, па играше за Вардар и Академија Пандев пред да се пресели во ТСЦ пред две лета.
Сега Железничар ќе биде трет интернационален предизвик во кариерата за 27-годишниот Мартин Мирчевски. Во редовите на босанскиот клуб тој ќе ја дели соблекувалната со Матеј Цветаноски кој пристина исто така ова лето.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.