Марио Крстовски потпиша двегодишен договор со Зрињски!

Младиот македонски напаѓач, Марио Крстовски кариерата ќе ја продолжи во редовите на Зрињски Мостар од Босна и Херцеговина. 

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија замина од Академија Пандев за својот прв интернационален предизвик. 23-годишникот парафира соработка со мостарци на две сезони. Изминатата сезона, Крстовски на 31 натпревар забележа седум погодоци и четири асистенции, а освен во Академија Пандев има настапи и за Работнички и Хоризонт Турново

Крстовски следната сезона со Зрињски ќе има цел да брка пласман во квалификациите за евро-куповите. Оваа година клубот извиси за место во разигрувањето за Конференциската лига на УЕФА, откако поради полош меѓусебен скор заврши петти зад Широки Бријег со ист број бодови. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.