• Горан Упале

Македонскиот напаѓач Марио Крстовски во продолжението од сезоната ќе има нов клуб и ќе го облече дресот на турскиот второлигаш Истанбулспор.
26-годишниот центарфор пред само неколку дена го раскина договорот со Домжале, за кого настапуваше од 2023 година, а оваа полусезона одигра 18 натпревари во лигата на кои успеа да постигне два гола.
Сепак, двете страни се разделија, па поранешниот младински репрезентативец својата кариера ќе ја продолжи во турскиот фудбал.
Крстовски покрај за Домжале играше и за босанските клубови Слога, Зрињски и Леотар, додека во Македонија беше дел од Македонија ЃП, Брера, Работнички и Хоризонт Турново.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.