ОФИЦИЈАЛНО: Марио Балотели стави потпис на договор со Монца!

Екипата на Монца го промовира потписот со Марио Балотели кој како слободен играч пристигна во редовите на овој второлигаш. 

Контроверзниот напаѓач е без клуб од ова лето, откако го напушти тимот на Бреша, а со Монца договори соработка до јуни 2021 година, па потоа може да добие продолжување. Клубот го официјализира овој потпис на социјалните мрежи. 

Балотели повторно ќе работи со Кристијан Броки како тренер и Кевин Принс Боатенг, со кои соработуваше во Милан. Исто така, напаѓачот има одлични односи и со поранешните челници на „росонерите“, Силвио Берлускони и Адријано Галијани.