• Горан Упале

Македонскиот репрезентативец Јован Манев во продолжението од сезоната и официјално ќе има нов клуб затоа што Адана Демирспор го испрати на позајмица.
22-годишниот стопер кој е дел од нашата најдобра селекција потпиша договор со хрватскиот клуб Осијек. Се работи за позајмица до крајот на актуелната сезона. Осијек го забележа Манев на натпреварот од квалификациите во Конференциската лига.
По репрезентативната пауза, во која Манев одигра одлични партии против Италија и Малта и против островјаните го постигна својот деби гол во А селекцијата веќе му се приклучи на новиот клуб, кој денес и официјално го претстави.
Македонецот во Адана пристигна од редовите на штипска Брегалница.