ОФИЦИЈАЛНО: Манџукиќ е новата напаѓачка опција во Милан

Трансферот на Марио Манџукиќ е готова работа, а со напаѓачот се пофали и Милан. Лидерот во Серија А добива екстра засилување во нападот.

Хрватскиот интернационалец потпиша договор до крајот на тековната сезона, со можност истиот да биде продолжен за уште една година.

Се работи за искусен фудбалер кој зад себе има богата кариера во која настапувал за Атлетико Мадрид, Јувентус, Баерн Минхен...

Манџукиќ во Милан ќе го носи дресот со број девет.

 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.