ОФИЦИЈАЛНО: Манчестер Сити донесе лев бек од Шпанија

Екипата на Манчестер Сити продолжува да носи шпански играчи под палката на Пеп Гвардиола. „Граѓаните“ се засилија на позицијата лев бек.

21-годишниот Серхио Гомез потпиша со англискиот премиерлигаш. Се работи за фудбалер кој доаѓа од белгиски Андерлехт. Договорот меѓу Гомез и Сити е потпишан на четири години.

Овој играч како младинец играше за Еспањол и Барселона, а сениорската кариера ја стартува во Б-тимот на Барса од каде се движеше низ Борусија Дортмунд и Уеска, па заврши во Андерлехт.

Гомез е и актуелен У21-репрезентативец на Шпанија.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.