• Мартин Танасковски
Репрезентацијата на Македонија на почетокот на јуни го започнува циклусот на натпревари за новото издание од Лига на нации за сезоната 2022/2023 и прв противник е Бугарија.
Нашата најдобра селекција предводена од Благоја Милевски се наоѓа во групата Ц каде што силите ќе ги одмери со репрезентациите на Бугарија, Грузија и Гибралтар.
Првиот меч го играме на 2. јуни на гостински терен против репрезентацијата на Бугарија, на „Хувефарма Арена“ во Разград, град на северо-истокот од државата со 30.000 жители.
Овој натпревар требаше да се игра на „Васил Левски“ во Софија, меѓутоа овој пат дуелот со нашиот национален тим е поместен.



