ОФИЦИЈАЛНО: Луис Енрике повеќе не е селектор на Шпанија

Шпанија запиша нов неуспех на Светското првенство и ги заврши настапите по шутирањето пенали во осминафиналниот дуел против Мароко, а тоа донесе до промена на тренерот.

Селекторот Луис Енрике ја презеде одговорноста и порача дека тој е најголем виновник за овој резултат и раната неочекувана елиминација. Си поднесе оставка и тоа значи дека неговото време на клупата на „црвената фурија“ е завршено по овој турнир.

Според информациите до кои дојде „Кадена СЕР“, Марселино е прв пик за селекторската позиција во Шпанија. Искусниот стручњак моментално е без работа, а последен пат во кариерата беше на челот на Атлетик Билбао. Пред тоа работеше во Валенсија, Виљареал, Расинг, Севиља, Сарагоса, Рекреативо и Спортинг Хихон.

Луис Енрике ја предводеше Шпанија од 2018 година.