ОФИЦИЈАЛНО: Луис де ла Фуенте селектор на Шпанија до 2028 година!

Европскиот шампион Луис де ла Фуенте сосема заслужено доби нов договор од Шпанската фудбалска федерација и тој ќе остане селектор на „фуријата“ до завршувањето на Европското првенство во 2028 година. 

63-годишниот стратег го презема сениорскиот тим во 2022 година и оттогаш успеа да создаде моќна група која ги тероризираше ривалите на последниот континентален собир. Првиот договор беше со важност до Мундијалот во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико, но добрите резултати му донесоа продолжување за уште две години. 

Неговата заработка ќе порасне за 50% и годишно ќе инкасира по три милиони евра. На клупски план Де ла Фуенте ги предводеше Севиља, Атлетик Билбао и Алавес, а започна во нисколигашите Португалета и Аурера Виторија. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.