ОФИЦИЈАЛНО: Ливерпул го позајми Араухо, има и опција да го откупи

Роналд Араухо е нов фудбалер на Ливерпул. Уругвајскиот репрезентативец пристигнува на „Енфилд“ од Барселона и во новата сезона ќе го носи дресот на англискиот шампион.

Двата клуба се договорија за едногодишна позајмица. Покрај тоа, Ливерпул ќе има можност да го откупи договорот на дефанзивецот по истекот на сезоната. Опцијата за откуп следното лето е поставена на 55 милиони евра.

Араухо во Барселона не добиваше доволно простор за игра минатата сезона под водство на Ханси Флик, па заминувањето на „Енфилд“ му отвора можност повторно да има значајна улога.

Уругваецот во новиот клуб ќе го носи бројот 33. Тој веднаш ќе се приклучи на тимот на Ливерпул и ќе му биде на располагање на тренерот.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.