• Саше Љолес
Клаудио Раниери и официјално е нов тренер на италијанскиот гигант, Рома. „Стариот лисец“ ја прифати понудата и се враќа од пензија за да му помогне на тимот кој е во незавидна ситуација и во моментов е на дванаесеттата позиција во Серија А.
Славниот стратег минатата сезона реши да престане со тренерската работа, но не можеше да одолее на повикот од „старата љубов“, каде веднаш доби топло добредојде од армијата навивачи. За Раниери ова е трета етапа на клупата на „волчицата“.
Рома се раздели со Иван Јуриќ, а со Раниери на клупата управата се надева дека екипата ќе може конечно да заигра подобро и да се вмеша во битка за позициите кои водат во еврокуповите.