ОФИЦИЈАЛНО: Левандовски не продолжува со Баерн, сака да си оди!

Баерн Минхен соопшти лоши вести за навивачите во пресрет на последниот натпревар од сезоната. Најдобриот играч Роберт Левандовски нема да го продолжи договорот со клубот и бара да си замине.

Полскиот центарфор има договор до јуни 2023 година, но нема да го продолжи. Тоа значи дека уште во јануари може да преговара за нова средина и да си оди бесплатно.

„Разговарав со Левандовски. Ми кажа дека не ја прифаќа нашата понуда за нов договор и сака да го напушти клубот. Сака нешто друго и нов предизвик. Но, нашиот став не е променет - Лева има договор до 30 јуни 2023 година. Тоа е факт“, изјави Хасан Салихамиџиќ.

Како најсериозен кандидат за потписот на Левандовски се споменува екипата на Барселона.