• Иван Димовски
Чави Хернандез ќе биде нов селектор на холандската фудбалска репрезентација. Поранешниот тренер на Барселона денеска постигна и официјално го потпиша договорот со Фудбалската федерација на Холандија.
„Лалињата“ го промовираа Шпанецот кој потпиша договор до 2030 година и целта е да ја води репрезентацијата на следното Светско првенство. За Чави Хернандез ова ќе биде прв селекторски ангажман во кариерата, откако досега работеше исклучиво како клупски тренер.
Чави на клупата на Холандија ќе го наследи Роналд Куман и ќе има задача да го предводи тимот во новиот циклус и да продолжи со амбициите на „лалињата“ на најголемите натпреварувања.
Хернандез својата тренерска кариера започна во Ал-Сад, а потоа продолжи да се гради во Барселона. Токму во овој клуб како играч освои голем број трофеи, а потоа седна и на клупата на каталонскиот гигант.

