ОФИЦИЈАЛНО: Легендарниот Креспо промовиран во нов тренер на Сао Паоло

На повидок е уште една голема тренерска кариера на поранешен голем ас. Имено, Аргентиневот Хорхе Хернан Креспо од вечерва е нов предводник на бразилскиот гигант Сао Паоло.

Откако ги водеше младинците на Парма и Модена и аргентинските клубови Банфилд и Хустисија, Креспо сега е пред голем предизвик. 45-годишникот, кој ја заврши кариерата во Парма пред девет години, ќе има тешка задача во овој фудбалски великан. Очекувањата ќе бидат далеку поголеми, во однос на неговите претходни работни места.

Тој се договори со Сао Паоло и потпиша договор на две години. Поранешниот светски првак за цел има итно да се врати во Копа Либертадорес. Главна ѕвезда во клубот е ветеранот Дани Алвес. 

Најголемиот успех во тренерската кариера на Креспо е освојувањето на Судамерикана со Хустисија.