ОФИЦИЈАЛНО: Кварацкелија е наследникот на Мбапе во ПСЖ

Сега е официјално, Квича Кварацкелија го напушти Наполи потпиша петгодишен договор со Пари Сен Жермен. Грузискиот фудбалер по три сезони си оди од калчото и се сели во францускиот првак за трансфер вреден околу 70 милиони евра.

Во текот на летото ПСЖ имаше неуспешен обид да го доведе 23-годишниот крилен напаѓач како замена за Килијан Мбапе, кој замина во Реал, откако тогаш Наполи не дозволи заминување на својот најдобар фудбалер.

Сепак, сега Квича побара трансфер и раководството на клубот од  Неапол немаше друго решение освен да ја прифати понудата на „светците“. Во редовите на ПСЖ, Грузиецот се смета за наследник на Килијан Мбапе, а го доби и дресот со број седум кој му припаѓаше на Французинот.

Кварацкелија постигна вкупно 30 гола на 107 натпревари за Наполи и учествуваше во освојувањето на титулата во Серија А пред две години. Оваа сезона тој постигна пет гола за клубот од Неапол и запиша уште три асистенции.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.