ОФИЦИЈАЛНО: Кристијано Роналдо стана светски рекордер!

Кристијано Роналдо, капитенот на фудбалската селекција на Португалија и официјално ќе стане светски рекорден во бројот на одиграни натпревари за еден национален тим. 37-годишниот напаѓач на Ал Наср досега го делеше првото место на вечната листа со фудбалерот на Кувајт, Бадрно Ал-Мутавом со 196 натпревари за државниот тим.

Новиот селектор на поранешниот европски шампион, Роберто Мартинез се реши со Роналдо од првата минута да го нападне Лихтенштајн, а тоа ќе биде 197-ми настап на првата португалска ѕвезда за селекцијата.

Искусниот фудбалер за Португалија дебитираше во 2003 година, кога како 18-годишник во пријателски натпревар против Казахстан влезе во игра на местото на Луис Фиго.

В понеделник Португалија ќе одигра нова средба во квалификациите за Европското првенство, а ривал ќе ѝ биде Луксембург.

Состави

Роберто Мартинез

5-3-2

    Rene Pauritsch

    5-3-2