ОФИЦИЈАЛНО: Коман не мрда од Баерн, парафира договор до 2027!

Баерн Минхен не остави ништо на случајност, па ги прекина шпекулациите за потенцијалното заминување на Кингсли Коман со нов договор. 

Францускиот репрезентативец парафираше соработка до јуни 2027 година, а со тоа баварците ѝ порачаа на конкуренцијата дека Коман не е на продажба. Според новиот договор, Коман ќе заработува петнаесет милиони евра годишно, што е значително зголемување. Клубот се пофали со потписот на социјалните мрежи. 

Коман пристигна во Баерн Минхен во 2015 година на позајмица од Јувентус, а потоа неговиот договор беше откупен. Во таборот на германскиот првак Коман дели минутажа со Лерој Сане и Серж Гнабри, ама сите тројца се задоволни на „Алијанц Арена“. 

За Баерн француското крило веќе одигра 217 официјални натпревари на кои постигна 46 погодоци, а запиша и 52 асистенции. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк