ОФИЦИЈАЛНО: Кол дојде да му помогне на Лампард во Дерби

Англискиот дефанзивец Ешли Кол се врати во англискиот фудбал и кариерата ќе ја продолжи во Дерби Каунти, каде тренер е неговиот поранешен соиграч од Челзи и репрезентацијата, Френк Лампард.

Левиот бек играше во Лос Анџелес Галакси, но ја напушти МЛС-лигата и пак се враќа на Островот. Со екипата на Дерби, Кол потпиша договор до крајот на актуелната сезона.

„Кол е фантастичен лев бек, се радувам што дојде и што ќе игра за нас. Не се сомневам дека тој ќе биде од голема помош за нашиот клуб“, истакна Лампард.

За 38-годишниот Кол, Дерби ќе биде шестиот клуб во кариерата, по Арсенал, Кристал Палас, Челзи, Рома и ЛА Галакси.