ОФИЦИЈАЛНО: Леон на Хамес Родригез исфрлен од Светското клупско првенство!

Светската фудбалска федерација - ФИФА донесе одлука за исфрлање на Клуб Леон од Светското клупско првенство кое ќе се одржи за првпат во новиот формат ова лето. 

Одлуката за исфрлање на Мексиканците е донесена поради разгледувањето на дисциплинската постапка против Пачука и Клуб Леон. Утврдено е дека било прекршено правото за сопствеништво на повеќе клубови кое е пропишано од ФИФА.

ФИФА утврди дека клубовите прекршиле правила, а поради тоа цехот ќе го плати Клуб Леон. Најавено е дека набргу ќе биде промовирана замена за мексиканскиот клуб.

Екипата на Клуб Леон требаше да се натпреварува во групата Д со Челзи, Фламенго и Есперанс Тунис