ОФИЦИЈАЛНО: Кире Маркоски потпиша за чешката екипа Карвина

Преодниот рок за сезоната 2020/21 уште не започнал, бидејќи националните шампионати не завршиле. Сепак, полека своја активност покажуваат некои клубови, посебно оние кои ја знаат својата иднина за следниот шампионат. Почнаа да се селат и македонските интернационалци ширум Европа. 

Повремениот репрезентативец Кире Марковски од денес е нов член на тимот на Карвина од Чешка. Поранешниот фудбалер на Работнички одамна имаше договор со Карвина, но дури денес доби официјализација.

„Карвина е организиран клуб, има одлична инфраструктура и фантастичен стадион. Чешкото првенство претставува предизвик за секој фудбалер.

Верувам дека го направив вистинскиот избор“, рече Кире Маркоски.

24-годишниот напаѓач пред да дојде во Чешка, настапуваше за Работнички, АЕЛ Лимасол и Спартак Трнава.