ОФИЦИЈАЛНО: Килиан Мбапе е новата „деветка“ на Реал Мадрид!

Моментот кој навивачите на европскиот првак Реал Мадрид веќе неколку години го чекаат, конечно дојде. 

Килиан Мбапе позираше заедно со претседателот Флорентино Перез и бел дрес пред трофеите од Лигата на шампионите. Француската ѕвезда парафира стави потпис на договор до 2029 година, а во Мадрид доаѓа бесплатно откако му истече договорот со ПСЖ. Мбапе доби тура од првиот човек на клубот во просторијата со трофеите, пред двајцата да се фотографираат со дресот на Реал. 

Во редовите на „кралскиот“ клуб Килиан Мбапе ја задолжи опремата со бројот девет. Иако досега носеше десетка на дресот, тој број е резервиран за легендата Лука Модриќ

Мбапе во Реал доаѓа по седум години минати во Париз. Веќе неколку сезони наназад Реал се обидува да го доведе во своите редови, имаше дури и понуда од околу 200 милиони која ПСЖ ја одби, а сега тоа им се „одби од глава“ и ја загубија ѕвездата бесплатно.