ОФИЦИЈАЛНО: Кевин де Брујне е нов фудбалер на Наполи!

Италијанскиот шампион Наполи го промовира Кевин Де Брујне кој доаѓа од редовите на Манчестер Сити, но како слободен агент. 

По истекот на договорот со „граѓаните“ искусниот Белгиец реши да не го продолжи и да замина во нова авантура. Проектот на „партенопеите“ воден од Антонио Конте беше доволно привлечен за Де Брујне кој се обврза на двегодишна верност, а во договорот има и опција за продолжување на уште една. 

Наполи ќе биде шести клуб во кариерата за Де Брујне. Тој преку младинските категории на Генк дојде до трансфер во Челзи, потоа беше позајмуван назад во Генк и во Вердер Бремен, а бидејќи не доби шанса во 2014 година за 22 милиони евра се пресели во Волфсбург. Сепак, само една година подоцна откако блесна во Германија неговиот договор за 76 милиони го откупи Манчестер Сити, а на „Итихад“ стана вистинска легенда и икона.

Откако утрово пристигна во Рим и беше еуфорично дочекан, белгискиот играч за врска дојде во Неапол и потпиша со новиот клуб. 

<<< - ПОВРЗАНО - Делириум во Рим: Полиција го „чуваше“ Де Брујне од фановите на Наполи (ВИДЕО)