ОФИЦИЈАЛНО: Касиљас го продолжи договорот со Порто на уште две години

Касиљас

Екипата на Порто денес ја потврди информацијата дека Икер Касиљас стави потпис на нов двегодишен договор.

Шпанскиот ветеран ја игра четвртата сезона во редовите на португалскиот гигант, откако во 2015 година се пресели од Реал Мадрид

„Да му се даде доверба на човек кој има 38 години не е лесно. Но јас чувствувам дека сум дел од тимот од првиот ден. Овој договор е важен за мене бидејќи значи дека ќе продолжам да го претставувам клубот, градот и државата“ , беа зборовите на шпанскиот голман.

Со Порто, легендарниот ветеран освои една титула во домашното првенство и две во португалскиот Суперкуп.