• Мартин Танасковски

Екипата на Баерн Минхен обезбеди големо засилување за следниот дел од сезоната, затоа што потпиша договор со португалскиот бек Жоао Кансело.
28-годишниот играч беше важен дел од првиот тим на Пеп Гвардиола, но по една кавга со шпанскиот стратег поради минутажата реши да ја напушти екипата.
Од целата ситуација профитира германскиот првак кој веднаш го донесе во својот тим „Баварците“ го доведоа Кансело на позајмица од Манчестер Сити, со право на откуп од 70 милиони евра.
Кансело ќе игра за нов клуб првпат по 2019 година. Низ кариерата тој настапуваше и за Јувентус, Интер, Валенсија и Бенфика.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.