ОФИЦИЈАЛНО: Канаваро го наследува Липи на клупата на Кина! 

Еден од најдобрите дефанзивци во историјата на фудбалска Италија, Фабио Канаваро, пред себе го има најголемиот предизвик откако ја започна својата тренеска кариера. 

Поранешниот капитен на „азурите“ веќе подолго време е предводник на кинески Гвангжу, а благодарение на одличните резултати со тимот, тамошната фудбалска федерација му понуди селекторска палка, која денес беше прифатена од страна на Италијанецот. 

Канаваро на чело на Кина ќе седне како замена за својот сонародник Марчело Липи, но засега не е познато дали ќе биде само привремено решение или ќе добие долгогодишен договор. 

Тој ќе остане на чело на Гвангжу, каде заработува по 12 милиони евра годишно и е еден од најплатените светски стратези.