• Иван Димовски
Управата на Јувентус направи голем потег, бидејќи успеа да обезбеди потпис на нов договор со еден од најдобрите играчи оваа сезона Вестон Мекени.
Американскиот играч за врска стави потпис на соработка до 2030 година. Со тоа се става крај на било какви шпекулации за евентуално заминување на Мекени од клубот. Продолжувањето на договорот доаѓа по инсистирање на тренерот Лучијано Спалети кој во Американецот гледа клучен играч во средниот ред.
Вестон Мекени пристигна во Јувенутс во 2020 година, прво на платена позајмица, а потоа беше откупен од Шалке 04 за сума од околу 25 милиони евра. Во сезоната 2022/23 беше позајмен во Лидс, меѓутоа потоа се врати во Торино.
Оваа сезона Мекени во сите натпреварувања забележа 38 натпревари, постигна осум гола и подели седум асистенции. Тој заедно со Кенан Јилдиз важат за најдобри поединци на „старата дама“ во тековната кампања.










