ОФИЦИЈАЛНО: Јувентус се пофали со новото големо засилување Де Лихт

Екипата на Јувентус конечно го комплетираше трансферот на еден од најголемите фудбалски надежи Матјес Де Лихт, откако утрово на социјалните мрежи и официјално го претстави за нов член на тимот. 

Сега веќе поранешниот капитен на Ајакс, вчера успешно ги мина лекарските прегледи и стави потпис на петгодишен договор со „старата дама“. 

Холандскиот гигант од овој трансфер ќе инкасира 75 милиони евра, кои ќе бидат исплатени во пет финансиски години, додека фудбалерот годишно ќе заработува по 14 милиони евра. 

Исто така, Ајакс може да добие и дополнителни 10 милиони евра во зависност од резултатите и успесите на Де Лихт во новиот дрес.