ОФИЦИЈАЛНО: Јонуз доведе втор Македонец, Александар Ристевски потпиша за Влазнија

Мирсад Јонуз го спроведува најавеното. Во неполна една недела и втор македонски фудбалер потпиша за албанскиот суперлигаш Влазнија, на чија клупа ќе седи поранешниот селектор.

Дефанзивецот Александар Ристевски потпиша договорот до крајот на сезоната со Влазнија од Скадар и ќе му се приклучи на Филип Глигоров, кој парафираше пред неколку дена.

Битолчанецот, кој покрај за матичниот клуб настапуваше и за Ренова, Победа, Младост Царев Двор, Скопје и Металург, веќе официјално е претставен во новиот клуб во Скадар.

Подготвителниот период екипата на Влазнија ќе го мине во Охрид и ќе одигра неколку контролни натпревари со македонски клубови.