ОФИЦИЈАЛНО: Тричковски во АЕК Ларнака до 2024 година!

Иван Тричковски е еден од најдобрите играчи во кипарскиот шампионат и во следните сезони ќе остане дел од АЕК Ларнака.

Клубот веќе вчера го потврди продолжението на договорот со македонскиот интернационалец, ама најавија повеќе информации по денешното потпишување на договорот. Сега е објавено, дека Тричковски актуелниот договор кој важеше до јуни 2022 година, го продолжи за уште две, поточно до 2024. 

  • Потврдата на новиот договор на Тричко со АЕК:

Доскорешниот македонски репрезентативец во кипарското првенство пристигна во 2016 година од полска Легија и се афирмира како еден од најдобрите стрелци во историјата на клубот од Ларнака.

Поради добрите партии Тричковски ја доби и капитенската лента на клубот кој е поранешен шампион на земјата. Покрај за АЕК Ларнака и полска Легија, напаѓачот кој има 34 години играше и за Ал-Наср, Клуб Бриж, Васланд Беверен, АПОЕЛ, Црвена Звезда и Енозис во странство, како и за домашните Вардар и Работнички.

Во новата сезона од кипарската лига Тричковски е стрелец на секој натпревар. Одигра пет натпревари, а даде вкупно шест гола и е на врвот на листата на стрелци.