ОФИЦИЈАЛНО: Иван Перишиќ е нов играч на ПСВ Ајднховен

Веќе поранешниот хрватски репрезентативец, Иван Перишиќ, официјално потпиша договор со екипата на ПСВ Ајндховен и ќе го засили холандскиот гигант. 

Перишиќ замина по неславнта етапа во сплитски Хајдук, се поврзуваше со премин во неколку клубови, но го одбра ПСВ кој настапува во Лигата на шампионите и се вбројува меѓу главните кандидати за титулата во домашниот шампионат. 

„Ова е клуб во кој можам да освојувам трофеи. Пред да потпишам, разговарав со поранешниот соиграч, Дензел Данфрис, кој имаше само пофални зборови за ПСВ. Ме убеди дека тука можам да бидам од голема корист и да уживам во фудбалот. Едвај чекам да го облечам овој дрес“, изјави Перишиќ. 

35-годишниот Хрват потпиша договор со важност до јуни 2025 година, со опција за продолжување на соработката за уште најмалку една сезона. Претходно во богатата кариера ги бранеше боите на Тотенхем, Баерн Минхен, Интер, Борусија Дортмунд, Клуб Бриж, Роселаре и Сошо.