ОФИЦИЈАЛНО: Ислами ја напушти тренерската позиција во Ренова

Во пресрет на новата сезона Бујар Ислами потпиша нов договор со екипата на Ранова. Меѓутоа лошата форма во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) го натера да си даде оставка во тетовскиот тим.

Под негова палка „гипсарите“ го освоија четвртото место во ланската сезона и обезбедија пласман во квалификациите за Лига Европа.

41-годишникот одлично си ја вршеше работата, па ја доби довербата на управата, која пред пет месеци му овозможи да ја продолжи соработката на уште една година. 

Ренова стои на претпоследната позиција со само една победа, пет реми средби и дури шест порази во новиот шампионат на Македонија.