ОФИЦИЈАЛНО: Исени се пресели во албанското првенство

Екипата на Егнатија го потврди трансферот на Бесар Исени, кој по две години си заминува од Шкупи.

24-годишникот остана без клуб по крајот на ланската сезона. Доби понуда од новиот албански прволигаш и одлучи да се пресели во првенството на нашиот западен сосед.

Покрај за Шкупи, играчот за врска настапуваше за Вардар во периодот од 2017 до 2019 година.

Во изминатите две сезони како дел од чаирчани, Исени запиша 38 настапи во домашното првенство и постигна шест погодоци.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.