• Саше Љолес
Управата на италијанскиот шампион, Интер, конечно ги израдува сите навивачи и соопшти дека официјално е продолжен договорот со капитенот и најдобриот напаѓач во тимот, Лаутаро Мартинез.
Аргентинската ѕвезда доби нова соработка со која ќе задржи на „Џузепе Меаца“ до 2029 година и повторно ќе биде предводник во нападот на „нероаѕурите“, кои лани на доминантен начин стигнаа до јубилејната дваесетта титула во Серија А.
Лаутаро Мартинез е член на Интер од 2018 година и досега одигра над 220 натпревари во сите конкуренции. Има одличен голгетерски ефект од 129 голови, а воедно е и миленик на сите навивачи на трикратниот европски шампион.
Летово со аргентинската репрезентација го освои трофејот на Копа Америка, а пред две години стана светски шампион на Мундијалот во Катар.